Проект: 4 Р-РЕДУЦИРАЈ, РЕЦИКЛИРАЈ, РЕУПОТРЕБИ И ПРЕНАМЕНИ, СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ КРУЖНА ЕКОНОМИЈА

Поддршка: Фондација Отворено општество-Македонија

 

 

Генерална цел на пректот:

Прописно одлагање на текстилниот отпад и негово искористување како комерцијален ресурс за социјално загрозени лица.

 

Конкретни цели:

КЦ1: Да се промовираат во јавноста обврските и придобивките од новиот Закон за управување со дополнителни текови на отпад;
КЦ2: Стекнување вештини за преработка на текстил кај социјално загрозени лица;
КЦ3: Да се подигне свеста на граѓаните за рециклирање текстилен отпад.

 

 

Предвидени активности:

Активност1: Промоција на Законот за управување сo дополнителни текови нa отпад;
Активност2: – Воспоставување тренинг центар за вештини за луѓе во социјален ризик;
Активност3: Едукативни настани за јакнење на свеста за отпадот во заедницата;

 

 

Целна група на проектот:

  • текстилните компании од регионот, трговци со текстилни суровини, продавници за облека;
  •  медиумите, здруженијата на граѓани од регионот, единиците на министерство за животна средина, ЕЛС од регионот, граѓани;
  • лицата во социјален ризик и лицата со посебни потреби од Општина Штип.

 

Очекувани резултати:

  • Зголемена свест на граѓаните за зачувување на животната средина во заедницата со промена на навиките при депонирање на отпад;
  • Подобрена социо-економска состојба и намалена сиромаштија кај социјално ранливите категории на граѓани, со директно вклучување на пазарот на трудот преку стекнати вештини за преработка на текстил;
  • Значително намалено количество на отпад на годишно ниво во депониите;
  • Подготвеност за имплементација на законските решенија, информирана и упатена јавност за обврските и придобивките од Законот за управување со дополнителни текови на отпад;
  • Зголемена иницијатива за развој на нови мали и средни бизниси, со стекнати знаења од овој проект;
  • Едуцирани млади – здрава еколошка средина, денес и во иднина.