Преку уште една активност, во просториите на ДСУ „Искра“ Штип, 04.10.2022 година, лицата со посебни потреби, поттикнувајќи ја својата самодоверба, ја развија својата креативност и директно се вклучија во борбата за инклузија во правец на продуктивност во општеството. Повторно за момент заборавија на изолираноста и ја почуствуваа атмосферата на социјализација и уште еднаш докажаа дека нивните можности и пречки не треба да се причина за поделба и маргинализирање.
Креативно – едукативна работилница е во рамките на проектот – „4Р( редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени)“, поддржан од ФООМ.























