Настан за промоција на реупотребата на текстилниот отпад

Сподели

На 23.03.2022 (среда), од 18.00 часот во Центар за млади (Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип) во Штип ќе се одржи настан посветен на реупотребата на текстилниот отпад.

Во рамките на настанот ќе имате можност да проследите дебата за бизнис модели за употреба на текстилниот отпад, видео содржини од успешни приказни и моден перформанс (дневениот ред за настанот во прилог).

Целта на настанот е да се претстават модели како текстилниот отпад да се употреби како ресурс и да се даде додадена вредност на производот преку вклучување на ранливи категории на граѓани и заштита на животната средина.

Превземи покана и агенда овде.

Leave a Reply