3 R (3 Р) Редуцирај, реупотреби, рециклирај 

Бизнис модели за употреба на текстилниот отпад

 

Цел и краткорочни цели

Цел: Да се истражат и промовираат одржливи модели за употреба на текстилниот отпад како можност за бизнис на социјално ранливите групи.

Конкретни цели: 1: Да се истражи состојбата со собирањето, обработката и реупотребата на текстилниот отпад и можностите кои ги нуди повторната употреба во општина Штип;  2 Да се подигне свеста на граѓаните за рециклирање преку можностите за реупотреба на текстилниот отпад, со креирање на производи со додадена вредност; 3 Да се зајакнат капацитетите на ФРЛЗ за развивање и тестирање на модели за реупотреба на текстилниот отпад.

 

Како целите на проектот се од корист на граѓаните, граѓанските организации и другите засегнати страни?

Потенцијалот за рециклирање и повторна употреба на текстилниот отпад и отпадот од домаќинствата, кој спаѓа во групата текстилен отпад после употреба, е голема, сеуште не постои иницијатива за поттикнување на оваа можност. Со промоција на рециклирањето и можноста за создавање нови производи од собраниот текстилен отпад локалното население ќе учи преку активно учество во целокупниот процес.

 

Целни групи

Целна група на проектот се лицата во социјален ризик и лицата со посебни потреби од Општина Штип, локалните институции, граѓаните и медиумите.

Главни активности (А)

А.1. Истражување на состојбата со текстилниот отпад во Општина Штип;

А.2. Информативно – едукативна кампања за можностите кои ги нуди повторната употреба на текстилот;

А.3. Јакнење на капацитети на проектниот тим за развивање и тестирање на модели за реупотреба на текстилниот отпад

 

Очекувани резултати (Р)

Р.1 Реална слика на состојбата со собирањето и реупотребата на текстилниот отпад во Општина Штип;  (А1)

Р.2 Промовирана кружната економија и модели за вклучување на лицата во социјален ризик на пазарот на труд, со употреба на текстилниот отпад; (А2)

Р.3 Воспоставена соработка помеѓу засегнатите страни за развивање на бизнис модел за употреба на текстилниот отпад; (А2)

Р.4 Зголемена свест на локалната заедницата за потребата од рециклирање, посебно на  текстилниот отпад; (А2)

Р.5 Зајакнати капацитети за развивање и тестирање на модели за реупотреба на текстилниот отпад во локалниот контекст (А3).

 

Очекувано долгорочно влијание

Проектот директно ќе влијае на свеста на граѓаните за подобрување на животната средина во заедницата. Со вклучување на социјално ранливите категории ќе се поттикнат поактивно да се вклучат во обезбедување на егзистенција и да развијат свои социјални претпријатија. Позитивниот пример со реупотребата на текстилниот отпад ќе поттикне нови идеи и слични активности. Иницирање на измени на политиките за рециклирање на текстилниот отпад. Зајакнатите капацитети на ФРЛЗ ќе овозможат организацијата да се позиционира како чинител на оваа тема и понатамошен развој.